Оваа храна е природен антибиотик: Зошто е особено важно да ја внесувате во зимскиот период

Пробиотиците се живи бактерии кои не се патогени или токсични за човечкото тело.

Тие имаат особена важност во зимскиот период бидејќи го поддржуваат здравјето на цревната микрофлора и со тоа го зајакнуваат имунолошкиот систем во борба против разните болести.
Ова се 4 најголеми ризници на пробиотици:

Јогурт
Природниот јогурт без адитиви најдобро одговара во вашата секојдневна исхрана: консумирајте го секој ден за појадок и за кратко време ќе забележите подобрување.

Кисела зелка
Класичниот и наједноставен елемент на зимската исхрана може да биде неверојатно здрав. Киселата зелка, покрај живите бактерии содржи и витамин Ц, Б и К и е богат со натриум, железо и манган. Имајте на ум дека таа не треба да биде пастеризирана.

Сирење
Не сите сирења можат да се пофалат со висока содржина на пробиотици. Најефикасни во оваа смисла се гаудата, чедарот и моцарелата.

Темпех
Овој ферментиран производ се прави од соја со додавање на ферменти на културата габи „Rhizopus oligosporus“. Вегетаријанците, оваа намирница често ја користат како замена за високо протеинско месо.

Advertisement