Некои растенија се природни лекови против многу болести. Нивната употреба во секојдневното мени може да ни помогнат да бидеме здрави, функционални и да се бориме превентивно против болеста на векот – ракот.

Убаво е на трпезата секој ден да има свежи зачини, билки и храна, кои се природен штит против туморите и другите опасни болести.

Не заборавајте – природата е голем исцелител!

Еве кои се останатите 5 билки, што можат да ни помогнат во борбата против ракот:

  • Алое вера

Алоето со години се споменува како растение кое многу помага против различни видови на рак. Гелот од алое го зајакнува имунолошкиот систем, а исто така делува противвоспалително и антисептично.

  • Нане

Нането исто така е многу корисно растение и одличен зачин. Освен дека има својства да го запира крвотокот на клетките на ракот, тој дејствува очистувачки на организмот и помага при нарушување и несвестица. Освен во манџите и салатите, можете да правите и чај од нане.

  • Црвена детелина

Црвената детелина освен дека помага при хормонален дисбалан , содржи и соединенија против тумори, богати со витамин Е.

  • Копар

Копарот е многу корисна билка и зачин. Таа го стимулира производството на антиоксиданти, и не им овозможува на клетките да боледуваат. Корисен е и за цревната перисталтика и за високиот крвен притисок.

  • Рузмарин

Рузмаринот пак содржи корисни масни киселини, кои го кочат формирањето на болни клетки. Неговите етерични масла помагаат и за прочистување на организмот. Затоа и Рузмаринот е особено препорачлив за луѓе кои одржуваат хемотерапија.

loading...
Сподели