Билките се природни помагачи против многу болести. Нивната употреба во секојдневното мени може да ни помогнат да бидеме здрави, функционални и да се бориме превентивно против болеста на векот – ракот.

Убаво е на трпезата секој ден да има свежи зачини, билки и храна, кои се природен штит против туморите и другите опасни болести. И не заборавајте – природата е голем исцелител.

Еве кои се најмоќните 5 билки, кои ни помагаат во борбата против ракот.

АЛОЕ ВЕРА

Алоето со години се споменува како растение кое многу помага против различни видови на рак. Гелот од алое го зајакнува имунолошкиот систем, а исто така делува противвоспалително и антисептично.

НАНЕ

Нането исто така е многу корисно растение и одличен зачин. Освен дека има својства да го запира крвотокот на клетките на ракот, тој дејствува очистувачки на организмот и помага при нарушување и несвестица. Освен во манџите и салатите, можете да правите и чај од нане.

ЦРВЕНА ДЕТЕЛИНА

Црвената детелина освен тоа дека помага при хормонален дисбалан , содржи и соединенија против тумори, богати со витамин Е.

КОПАР

Копарот е многу корисна билка и зачин. Таа го стимулира производството на антиоксиданти, и не им овозможува на клетките да боледуваат. Корисен е и за цревната перисталтика и за високиот крвен притисок.

РУЗМАРИН

Рузмаринот содржи корисни масни киселини, кои го кочат формирањето на болни клетки. Неговите етерични масла помагаат и за прочистување на организмот. Затоа и Рузмаринот е особено препорачлив за луѓе кои одржуваат хемотерапија.