Конечно, вашето бебенце е во вашите раце. Тоа малечко на кое му зборувавте и за кое се грижевте 9 месеци без да го видите, сега е со вас и е зависно од вас. Целиот ваш живот ќе се промени, затоа што вие сега сте одговорна за сè што му се случува на тоа мало бебенце.

Мајчинска грижа

Ако чувствувате дека нешто не е во ред со вашето бебенце, верувајте му на својот инстинкт и посетете доктор. Ако ова ви е прво дете, сигурно од секаде пристигнуваат совети што треба да правите, а што не. За да можете полесно да се справите со ситуацијата, ние ќе ви ги кажеме петте најчести грешки, кои ги прават родителите во грижата за своите новороденчиња.

Го оставате бебето да спие преку целата ноќ

Родителите треба да ги будат своите новороденчиња на секои 4 часа, за да ги нахранат. Ако не го правите тоа, ризикувате бебето да дехидрира. Задолжително треба да се погрижите вашето бебе да биде добро нахрането. Многу е важно да го разберете неговиот биоритам. Ако вашето најмило спие во текот на денот, не грижете се за дневната светлина или бучавата. Тоа треба да свикне со нормалната бучава во куќата или од улицата.

Го ставате бебето да спие на стомак или на страна

Сите експерти советуваат дека бебињата треба да спијат на грб, за да се намали ризикот од синдромот на ненадејна смрт на новороденче.

Го храните бебето во точно определено време

Новите родители многу често ја прават оваа грешка и сакаат нивните новороденчиња да јадат по точно определен распоред. Докторите советуваат дека доколку бебето јаде барем еднаш на 4 часа, не треба да се следи некаков распоред. Бебето знае кога е гладно, а кога е најадено. Ако плаче по 2-3 часа за храна, наместо вообичаените 4, послушајте го и нахранете го.

Го носите бебето каде што има многу луѓе

Кога го носите бебето во гужва, вие го изложувате на бактерии. Тоа може да добие бактериска инфекција, која може да биде опасна по живот или да префати вирус. Вирусот може да предизвика висока температура, а тоа значи престој во болница минимум два дена.

Го чувате новороденчето само дома

Навистина излегувањето со бебето на места каде има многу луѓе е лоша идеја. Но, да седите постојано дома со вашето новороденче е исто така лошо. Најдете баланс. Обидувајте се да излегувате на прошетки каде што нема многу луѓе. Не им верувате на своите инстинкти. Ако сметате дека нешто не е во ред со вашето новороденче, посетете доктор за консултација. Иако сите околу вас можеби сметаат дека претерувате, нема причина да си играте со животот и здравјето на вашето бебенце.

Не го вакцинирате

Сите родители треба да ги вакцинираат своите бебиња со задолжителните вакцини, за да ги заштитат. Информирајте се кога треба да го вакцинирате вашето бебе и не ја пропуштајте вакцинацијата.

loading...
Сподели