Способноста за воочување рани симптоми на рак ја зголемува можноста за нивно рано откривање, со што се зголемуваат шансите за лечење.

Ова се петте најчести видови рак кои се појавуваат кај мажите:

1.Рак на простата

Рани знаци: Специфичните први симптоми обично не постојат. Дигиталното ректално испитување може да открие во каква состојба се наоѓа простатата.

Лажен аларм: Отежнато, зачестено мокрење, непотполно празнење. Овие симптоми можат да значат и зголемена простата или стеснување на мочниот меур.

Испитувања: Се прави биопсија ако се високи вредностите на ПСА, или ако е голема разликата во неговите промени.

2.Рак на бели дробови

Рани знаци: Кашлање кое никако не престанува, или искашлување на крв може да бидат знаци за оваа болест. Исто така, константна болка во градите, дури и во мирување, може да биде еден од симптомите.

Лажен аларм: Воспаление на белите дробови. На рендгенска снимка на белите дробови и пневмонијата и ракот се претставени со бела боја.Пневмонијата ќе се излечи, но потребно е да се направи уште една снимка по 4-6 недели.

Испитување: Биопсија (земање примерок од белодробното ткиво и негово испитување).

3.Рак на дебело црево

Рани знаци: Крв во столицата. Никогаш не треба да го игнорирате овој симптом, дури и ако се појави само еднаш. Може да биде знак на предканцерогено крварење на полипите, а крварењето е единствениот прв симптом за овој вид на рак кој човекот може сам да го забележи. Во повеќе од 50% од случаите раните знаци не постојат.

Лажен аларм: Кај мажите помлади од 50 години, крвта во столицата може да се јави и поради хемороиди, колитис, или абнормалности на крвните садови. Во секој случај, задолжително мора да се посети лекар.

Испитување: Колоноскопија е процедура преку која докторот ги воочува помалите или поголеми промени на дебелото црево.

4.Рак на бешиката

Рани знаци: Крв во урината. Оваа појава мора задолжително да ја пријавите на лекар. Кај личности помлада од 60 години крв во урината многу често се јавува и поради камен во бубрегот.
Повеќето канцери на бешиката влијаат на нејзината слузокожа. Доколку се дијагностицира на време, може да се излечи.

Лажен аларм: Чувствителна бешика или болно уринирање честопати се и знак за инфекција на уринарниот тракт, предизвикана од некоја бактерија. Тогаш може да се јави и крв во урината.

Испитување: Покрај испитување на бешиката, се врши и преглед на урината, чии резултати можат да покажат дали има канцерогени клетки или не.

5.Лимфом

Рани знаци: Безболно отекување на лимфните јазли на вратот, под пазувите или во пределот на препоните. Лимфните јазли можат да отекуваат и поради инфекција, но ако отокот не се повлекува повеќе од една недела, потребно е да се испитаат.

Лажен аларм: Лимфните јазли можат да отечат и од друга причина а не само поради инфекција.

Испитување: Најпрепорачливо е испитување со помош на биопсија, кога може да се востанови дали има присуство на канцерогени клетки.

Извор: tocka.com.mk