Авокадото е чудо од овошје, затоа што содржи се во себе што му е потребно на еден организам. Него го нарекуваат и кралско овошје затоа што не можела царевата трпеза да се замисли без него.

Потекнува од Јужна Америка и има облик на круша. Масни протеини, масни киселини, витамини и минерали – се ова го има во ова тропско овошје. Јадејќи го него имате цел оброк на храна со сите здравствени придобивки кои му се потребни на организмот.

Авокадото ги штити артериите од запушување и добро делува на срцето и кардиоваскуларниот систем.

Исто така, авокадото не дозволува да има лош холестерол во крвта, па дури некои нутрицинисти тврдат дека спречува и рак на дојка.

Ова овошје ретко се наоѓа на нашите трпези, но време е да почнеме да го конзумираме што почесто.

loading...
Сподели