Најдоброто средство против брчки сите жени го имаат во својата кујна. Многумина не го поднесуваат, но лукот, според сите експерти и научници, е еден од најдобрите антибиотици и антиоксиданси воопшто, а особено за брчките.
Многу жени трошат многу пари на различни козметички производи, кои обично не се толку ефикасни, а во својата кујна имаат совршен серум против брчки.
Сите знаат дека лукот е одличен за здравјето и дека е моќен антиоксиданс и природен антибиотик, но дали знаевте дека ги пегла брчките?
Еве на кој начин тој делува:
Антибиотиците ги елиминираат инфекциите на кожата и ги отстрануваат акните, а антиоксидансите помагаат при предвремено стареење.
Потребни состојки:
- две лажици природен мед
- деве ипол лажици екстракт девствено масло
- 2-3 чешниња лук
Подготовка:
Наведените состојки треба само да се сомелат и измешаат.
Употреба:
Добиената смеса се нанесува 30 минути пред спиење и потоа убаво се мие со топла вода.
loading...