Бугарската пророчица баба Ванѓа ги советувала луѓето од секое поле на животот, давала одговори на разни прашања, вклучително и третмани со билки.

Билката која многумина ја пробале по препорака на Ванѓа, велат дека е волшебна. Таа го препорачала планинското цвеќе оманјниче (Geum) како најдобра билка во борбата со губење на килограмите.

Омајничето е повеќегодишна билка која се наоѓа во засенчаните тревни места по планинските предели. Постојат четири вида на омајниче и тоа: црвено, поточно, родопско и урбано.

Според баба Ванѓа, добро е да се стават 100 грама исушено омајниче во голем сад и да се прелие со врела вода. Оставете да отстои пет минути. Откако водата ќе се олади, исцедете ја билката и пијте ја добиената течност во следните три дена.

Сувите корени од омајничето имаат анестетичко, антисептикчко и тонирачко дејство.

Омајничето е добро да го користат луѓе кои имаат проблеми со варењето, дијареја, хемороиди, како и главоголка, кашлица и несоница.

Исто така оваа билка е многу корисна за луѓе кои имаат проблеми со спиењето или страдаат од недостаток на апетит. Однадвор, билката може да се користи за воспаление на очните капаци или непцата.

Баба Ванѓа им препорачувала на сите луѓе со прекумерна тежина да се облеваат со билни напивки, бидејќи на тој начин најдобро успеваат да се исфрлат масните наслаги.

По нејзината смрт рецептот се задржал и продолжува да им помага на многу луѓе со исти проблеми. Тие гарантираат дека ефектот е ненадминат и тоа без апсолутно никакви последици. Уште денес стартувајте нов начин на слабеење во својот дом и по кратко време ќе се радувате на одлични резултати. Сето тоа зависи од вас!