Претпоставуваме дека добро сте запознаени со нутритивните својста на морковот. Изобилува со витамини, содржи етерично масло, пектин, јаболкова киселина, фитостерин, аспарагин, глутамин, пентозин, скроб, целулоза, слуз, белковини, минерални соли, а особено калиум.

Но, сите овие состојки одлично делуваат и на кожата. Го отстрануваат заморот од лицето и го враќаат здравиот и свеж изглед. И уште нешто, го затегнуват лицето!

“Испеглајте“ го лицето со помош на оваа маска која дава видлив ефект по првото нанесување.

Оваа маска за лице од морков се подготвува брзо и едноставно.

Подготовка:

Во половина чаша вода растворете густин. Течноста префрлете ја во лонче и додадете 100 милилитри зовриена вода. Варете на тивок оган додека течноста не се згусне. Потоа, оставете смесата да се излади, па додадете свежо исцеден сок од морков. Добро измешајте.

Примена:

Маската ставете ја на претходно исчистено лице и оставете ја да делува половина час. Отстранете ја со млака вода.

Количината од смесата која ќе остане, ставете ја во фрижидер и употребете ја маската повторно следниот ден.

Ефектите од оваа маска се видливи уште после првото нанесување. Кожата станува затегната, еластична и мазна, а лицето добива свеж изглед.

Advertisement