Откажете ги цигарите со помош на јаболки

Крцкаво овошје и зеленчук како јаболка и моркови помагаат против пушењето, покажуваат резултатите од најновото истражување.

Пушењето предизвикува непоправлива штета на здравјето, го скратува животот и го зголемува ризикот од рак и болести на респираторниот систем, пренесе БГНЕС. Кожата станува збрчкана, забите потемни, но дури иако го знаат тоа, луѓето продолжуваат да пушат.

Овошјето и зеленчукот можат да ви помогнат да престанете да си штетите на себe!

Со особено крцкава храна како јаболка, моркови и ореви. Диета која ги вклучува наведените прехранбени производи може да ви помогне многу да се откажете од навиката.

Овошјето и зеленчукот даваат чувство на ситост, а како што знаете чувството на глад е една од причините да запалите цигара.

Црвеното месо и алкохолот имаат спротивен ефект – тераат да пушите. За тоа, пробајте дневна диета од сирење и домат на појадок, печени компири на ручек и јаболка секогаш кога ви се пуши. Ќе забележите колку помалку цигари сте испушиле во денот.

Advertisement