Оризовото масло е богато со природни антиоксиданси и е моќно оружје против процесот на стареење.Во Јапонија и Тајланд, каде жените се грижат исклучиво за убавината и младоста на кожата, тоа е меѓу најпопуларните “антиејџ” средства.

Оризовото масло се добива од ембрионот и внатрешната обвивка на оризовите зрна.

Оризово масло има својство да ја навлажнува кожата, да ја подмладува и да ја штити од штетните UV зраци.

Се користи како база за правење креми за лице, сончање, козметика, како и за изработка на масажни масла. Иако е со густа текстура – тоа се разнесува со леснотија.

Го има во некои маски за коса, бидејќи ја негува косата и ја прави повеќе елегантна. Има примена и во декоративната козметика, како состојка на лакови и кармини.

Advertisement