Од аспект на народната медицина, оревот како природен лек ја симболизира интелектуалната сила од причина што во неговата цврста лушпа слична на череп, се наоѓа плод кој со својот браздест изглед потсетува на мозок. Од друга страна, науката ни кажува дека плодовите на оревот се богати со омега-3 масни киселини неопходни за здраво функционирање на мозокот.

Извор на витамини и минерали. Овој јаткаст плод е богат со магнезиум и со омега-3 масти. Освен тоа, доколку јадете ореви нема да ве мачи несоница, ќе го намалите ризикот од болести на срцето, од добивање канцер, дијабетес и Алцхајмерова болест. Оревите се богати со алфа-линоленска киселина  и го штитат организмот од стерс и од ослабување на имунитетот.

Есен  е вистинското време. Плодовите на оревот стануваат зрели кон крајот на септември. Со оглед на тоа што можат долго да се чуваат, достапни се преку цела година не губејќи од  квалитетот. Здравиот плод мора да има светлокафена боја, соодветна тежина и да нема расипана миризба. Ова овошје изобилува со витамини, минерали и антиоксиданси. Со редовна консумација го подига нивото на добриот холестерол во крвта, а го намалува лошиот, се поттикнува концентрацијата, помнењето и генерално, оревот претставува идеална храна за мозокот.

Млади плодови. Зелените плодови содржат  големи количества витамин Ц и јод, а традиционалната медицина  најчесто ги препорачува во лекување на штитната жлезда како составен дел од ликерот кој се приготвува од оревот. Освен тоа, овој народен лек благотворно делува врз желудникот и ја зајакнува крвта. Зелените плодови се берат во мај и јуни, а чајот од листовите на оревот се препорачува за чистење на крвта, за јакнење на организмот, за поттикнување на варењето на храната, за испирање на воспалителни рани, против чирови и бубуљици, за исплакнување на очите и усната шуплина итн. Оревовото масло ја штити кожата од сонце, а благотворно делува  против изгореници и за зајакнување на косата.

Сподели