Опасна детска болест- ЗАУШКИ

Од оваа болест не заболуваат само дечињата, туку може да се случи да заболи и возрасен човек. Тоа заболување започнува со треска, зголемена температура и со болки во заушките. Прво се јавува оток на едната, а потоа и на другата страна. Болниот тешко џвака и не може да ја отвори устата. Ако настанат компликации, може да дојде до воспалување на половите жлезди (најчесто кај машките деца или до појава на менингитис).

Предизвикувач е вирус што ги напаѓа сите плувачки жлезди и централниот нервен систем. По прележување на болеста, доколку не остави последици на пр: машките деца можат да останат стерилни, тогаш создаваат траен имунитет.Резервоар на зараза е веќе заразен човек. Извор е плунката на болниот. Пренесувањето е директно или индиректно преку загадени предмети што ги употребувал болниот. Влезна врата е устата.Најчесто се јавува кај деца од предучилишна возраст и може да се појави во епидемиска форма во зимските денови.

Од оваа болест рековме дека може поретко да заболи и возрасен човек доколку не ја прележал болеста како дете, но последиците кај возрасниот се поголеми и потешки.

Scroll To Top