Ново истражување откри засолништа кои младите родители ги користат за криење, кога настанува хаос при одгледувањето на своите деца. Бањи, гардероби и тоалети … младите родители немаат многу романтични места, каде да украдат барем малку мир.

Последната студија покажува дека 64 отсто од нив бегаат во бањата, за да уживаат во краток миг тишина. Врв на “бегалците” има во 15:53 ​​часот попладне, кога повеќето мајки се преоптоварени од работниот ден и исцрпувачката грижа за децата.

Од сите родители, кои сакаат да се скријат во бањата, 69 отсто се жени. Тие поминуваат таму во просек по 15 минути, додека мажите се кријат со две минути помалку. Тие признаваат дека мирот и спокојството царува максимум десет минути, пред некој да почне да чукне на вратата. За една недела, родителите уживаат во тишината во тоалетот просечно по три пати, пишува БГНЕС.

Advertisement