Новинар од порталот „Thrillist” одлучил еден месец секојдневно да пие по 4 литри вода.

Иако очекуавл одредени промени, на многу работи дефинитивно не бил подготвен.

Ден 1: Започнува забавата

Со оглед на тоа што не знам колку точни чаши вода се еден галон (4 литри) одлучив да купам пластично шише од еден галон и да го носам секаде со себе. Веќе на самиот почеток ми се чини дека ова ќе биде потешко отколку што замислував. Се обидувам да се фокусирам на пиењето вода за да ја достигнам својата квота за тој ден.

Ден 5: Мокрам на секои 20 минути

Навистина сакам да пијам вода. Моето тело, а веројатно и телото на секоја друга личност, е составено од 60% вода, но никој не пие 4 литри вода дневно. Навистина морате да се потрудите тоа да го спроведете на дело. Пијам дури и кога дефинитивно не сум жеден.

Но, ништо не е поразлично. Единствената промена е постојаното чувство на исполнетост, поради кое помалку јадам. Плус, одам во тоалет на секои 20 минути. Сите мислат дека имам проблем со дрогата бидејќи константно влегувам и излегувам од тоалет. Кога излегувам некаде пијам вода со секој втор пијалок и постојано одам во тоалет.

Ден 10: Станав… поубав?

Нешто се случува, особено наутро. Претежно ми е потребна шолја кафе кога ќе ги отворам очите за да профункционирам, но сега се будам целосно свеж и полн со енергија. Тоа е убава промена. Дури и се чувствувам подобро. Можеби станува збор за плацебо ефект.

Косата ми доби сосема нов сјај, но генерално себеси се сметам за убава личност, па не сум сигурен што се случува. И понатаму ми е тешко да носам толку вода со себе. Практично во секој момент, па дури и кога спијам, крај себе имам пластично шише за да ја исполнам квотата. Иако луѓето чудно ме гледаат, мислам дека подлактиците ми се посилни. Мислам.

Ден 15: Полн сум со енергија

Дефинитивно имам повеќе енергија. Речиси не пијам кафе. Ова е голема промена бидејќи порано пиев и по три шолји дневно. Кога навечер одам да трчам, чувствувам дека сум побрз. Сонот ми е подобар.

Дури и помалку ми е топло кога спијам. И не само тоа, чувствувам неверојатна жед кога не пијам вода. Се чини дека телото ми се прилагоди на новиот начин на живот. Имам чувство дека можеби веќе никогаш нема да бидам ист.

(Фото: Cole Saladino/Thrilist)

Ден 20: Луѓето ми велат дека изгледам и сум посреќен

Не знам зошто. Можеби навистина сум посреќен.

Ден 25: Станувам подобра личност

И понатаму често одам во тоалет и урината секој пат ми е кристално провидна. Девојката забележа дека мојата кожа изгледа почисто и чувствувам дека имам повеќе енергија. Чудно звучи, но имам чувство дека навистина се чувствувам подобро.

Повеќе немам проблем ниту со пиењето вода. Се адаптирав на количината и таа сега претставува моја норма. Дури и луѓето повеќе ме почитуваат иако и понатаму го носам проклетото шише насекаде со мене. Се шегувам, не ме почитуваат.

(Фото: Cole Saladino/Thrilist)

Ден 30: Слободен и чист

Последниот ден од мојот предизвик. И понатаму постојано трчам во тоалет и константно сум жеден. Се чувствувам како мојот дедо. Но, за разлика од него, се чувствувам добро. Можеби е малку повеќе да се пие еден галон вода дневно, но дефинитивно забележав дека порано не сум пиел доволно вода.

Веројатно никому не би му го препорачал овој предизвик, но мислам дека е во ред да се одреди одредена количина на вода која треба да се испие во текот на денот.

(Фото: Cole Saladino/Thrilist)
Advertisement