Одење на коленици: Кинеската медицина ја признава оваа вежба како лек за сите болести

Одење на коленици се препорачува на сите! Оваа вежба нема контраиндикации.

Дури и тие кои имаат болки во колениците и зглобовите можат да ја испробаат оваа ефикасна кинеска техника. Излегува дека колениците многу често болат поради атрофија на мускулите на грбот, нозете, кичмата, со други зборови, болката настанува кај луѓето кои не се активни во текот на денот.

Таоистичкото одење на коленици помага во борба со заболувањата на бубрезите и црниот дроб. Работата е во тоа што на перничињата на колениците се наоѓаат точки кои е корисно да се стимулираат кај проблемите со внатрешните органи. Кинеската медицина ја признава оваа вежба како лек против сите заболувања!

Навистина, ваков вид на одење, покрај други физички активности, има многу предности. За оваа вежба требаат 15-20 минути секојдневно, само така резултатот ќе биде забележан.

Како се изведува вежбата:

Вежбата правете ја на подот, под колениците ставете меко ќебе или јорган. Движете се полека, потпирајќи се, исклучиво на коленици. Од преоптеретување на зглобовите на колениците, на почетокот може да почувствувате болка.

Кога мускулите на нозете доволно зајакнат, болката ќе ја снема. Правејќи ја оваа вежба секојдневно, можете многу брзо да постигнете слабеење на нозете. И не само тоа.

Оваа таоистичка пракса помага дури и за подобрување на видот, бидејки во пределот на тетивите од колената се наоѓаат точки кои одговараат за правилна работа на црниот дроб, бубрезите и очите.

Одењето на коленици се препорачува со затворени очи – ефектот ќе биде уште посилен!

Advertisement