Многу од луѓето имаат проблем со тироидната жлезда која е една од поголемите жлезди во човечкото тело и се наоѓа во предниот дел од вратот.

Таа се состои од два дела поврзани со еден по тесен дел а името го добила од грчкиот збор штит поради изгледот и функцијата.

Оваа жлезда учествува во контролата на метаболизамот и терморегулацијата, ја одредува осетливоста на телото кон другите хормони. Игра многу битна улога во детството, во растот и диференцирањето на многу ткива.

Ликерот од ореви е богат со јод и затоа е добар лек за тироидната жлезда. Секое утро, на празен желудник, пијте по една мала чашка од ликерот. Пред послужување, ликерот од ореви благо смешајте го за да го подигнете лековитиот талог.

Но постои природен лек за овој проблем кој е поефикасен од било кои лекови препишани од доктор.

Во минатото луѓето пиеле ликер од зелени ореви кој го добил името оревовка кој освен за тироидната жлезда одличен е и за лекување на анемија, но исто така и како прва помош за проблеми со желудникот и за забрзување на варењето на храната.

Еве како сами да подготвите ликер од ореви:

Потребни ви се: 40 млади ореви, 1 кг мед, 1 литар ракија.

Подготовка: Ставете ракавици и исечкајте ги младите ореви, ставете ги во поголема тегла и над нив додадете 1 кг мед и 1 литар ракија. Затворете ја со соодветен капак и оставете ја теглата да стои на сонце 40 дена.

Повремено промешајте ја содржината со пластична лажица.