Дали кога го подготвувате зеленчукот за зимница се прашувате кои се предностите на закиселената зелка, пиперките, доматите и другите намирници во однос на свежите?

Или колку ајвар смеете да изедете во еден оброк, а да не претерате, затоа што сите знаеме колку е тешко да се одолее на зимницата?

Колку калории има ајварот и дали е зимницата здрава одговори српската нутриционисткат Бранка Мирковиќ.

Лут или благ, само од печените пиперки или со додаток на домати, често се случува ајварот брзо да се изеде, затоа што е одличен прило во скоро секое јадење.

-Ајварот скоро и нема калории, така што со негоо не може да претерате. Тој нема многу нутритивни вредности, затоа што се прави од печени пиперки, кои потоа се пржат, па во ој процес пиперката ја губи сета своја вредност.

Сепак, ајварот е одличен извор на влакна и е вистинска закусна со месо и разни други јадења, па и само со сирење, вели нутриционистката.

Рецепт за традиционален македонски ајвар

Ајварот е едно од нашите најголеми богатства во традицијата од кое не се откажуваме, дури и кога не можеме самите да го направиме. Но, секако највкусниот ајвар е домашниот, оној приготвен по рецептот на нашите баби, кој совршено се вклопува со топлиот леб и белото сирење. Овој рецепт за ајвар ќе Ви овозможи оваа зима да ја поминете со полн и задоволен стомак.

 

Состојки:

  • 1 вреќа црвени пиперки (околу 25-30 кг),
  • 2 литри масло,
  • 100 грама шеќер,
  • околу 50 мл винска киселина,
  • сол по вкус.

1.Пиперките испечете ги, па веднаш по печењето ставајте ги во најлонска ќеса за да омекнат и полесно се лупат. Кога малку ќе изладат, секоја пиперка убаво излупете ја и исчистете ја од семето. Излупените пиперки редете ги на цедалка (најмалку три часа се потребни за убаво да се исцедат).

2.Исцедените пиперки сомелете ги во рачна мелница, па целата смеса префрлете ја во поголема шерпа и ставете на тивок оган.

3. Во текот на пржењето, потребно е смесата постојано да се меша, а маслото постепено се додава по 100 мл на секои 20 минути. Мора постојано да се меша, за не избие маслото на површина.

4. Најлесна проверка за ајварот дали е навистина готов: Кога ќе поминете со дрвената лажица по дното на шерпата, треба да се отвори пат, односно да се види дното.

5. Сол и шеќер се додаваат на самиот крај, т.е. последните 20 минути од пржењето. Таа додава дека доколлку не го правите сами, секогаш е подобро да купите индустриски затоа што тој е контролиран, за разлика од оној кој се продава на пазар, а во кој не може да знаете колку конзерванси се ставени.

Нутриционистаката додава дека зеленчукот кој се користи за зимнива термички се обработува, што доведува до губење на некои витамини, како што се Ц, Б и А, но и останати минерали, влакна и фитонутриенти кои се од голема важност за организмот.