Темјанот има лековита моќ, но повеќето луѓе не знаат речиси ништо за него

Иако има бројни лековити својства, повеќето луѓе не знаат речиси ништо за темјанот.

Во ајурведската медицина, тој со децении се употребува за третман на артритисот, заздравувањето на раните и  регулирање на хормоналниот статус на жените.

Според верувањето на Ајурведата, темјанот во домот носи добро здравје на сите членови на семејството. На Блискиот Исток, од дамнешни времиња, тој се користи за одржување на здравјето на усната шуплина.

Луѓето од овој регион, темјанот го користеле како мастика за џвакање и така го подобрувале здравјето на забите и непцата. Со негово користење, исто така, се спречуваат инфекциите.

Додека на запад, темјанот најдобро е познат по анти-воспалителните својства. Тој ефикасно ја ублажува болката предизвикана од артритис, без да предизвика несакани ефекти.

Потоа го подобрува крвотокот,  како и протокот на крв низ крвните садови, оштетени од воспалителни процеси. Разните студии потврдиле дека екстрактот од темјан, ацетат ги намалува невролошките оштетувања и е ефикасен против депресија и анксиозност. Исто така,  го намалува холестеролот.

Во ароматерапијата се користи за олеснување на стресот, напнатоста, хистеријата и депресијата. Топла бања со мирис од темјан  помага за намалување на менструалните грчеви и инфекции на уринарниот тракт.

Тој помага против  бронхитис , астма, синузитис, чести настинки и алергии. Со цел да се постигне соодветен ефект, потребно е да се стави малку на страна и да се вдишува масло, неколку пати на ден. Тој е одличен за инхалација.

Во еден литар топла вода, додадете една лажица од тинктура на темјан и вдишувајте. Набрзина ќе го почувствувате ефектот.

Advertisement