Неверојатната моќ на копарот!

Во свежа форма е достапен преку целото лето, а на зима можете да го најдете во сушена форма во сите маркети. Неговите уникатни здравствени бенефити потекнуваат од два типа на компоненти. Тоа се монотрепените и флавоноидите.

Овие компоненти го прават копарот протеaктивен против слободните радикали и му даваат хемопротективно својство од некои типови на карциногени како бензопирените од чадот од цигарите. Копарот покажува и антибактериски својства, а претставува и вкусен начин да ги потполните калциумовите резерви, бидејќи изобилува со овој макроминерал.

Во народната медицина се употребува за поздрав апетит и варење, како и против несоница. Бидејќи е богат со минерални соли, препорачлив е за диети каде што е потребна минимална употреба на сол. Вкусот е малку горчлив, но не е лут. Со ситно исечкани ливчиња на копар се зачинуваат тиквички, грашок, краставици, сирење, павлака, јогурт. Се додава пред крајот на готвењето.

По вкус, копарот претставува комбинација од вкусовите на магдонос, анис и целер, со суптилна нишка на лимон. Како таков, идеален е за употреба во јадења со риба, особено лосос и туна, потоа во супи, во јадења со јајца и сирење, а добар е и како додаток во леб и различни пецива. Кај нас особено се користи со кисели краставички, а е одличен и во компир салата, таратур, салата од туна, од јајца или од тестенини.

Освен листовите кои се користат како зачин за многу вкусни јадења, лековити делови се и цветовите. Најчесто копарот се поврзува со олеснување на дигестивни тегоби, подобрување на апетитот и лачење на желудечни сокови.

Винска тинктура: 3г семчиња од копар ги преливате со 1 дл бело вино и се процедува после 5 дена. Се консумира по една мала чашка (како за ракија) после јадење за подобра работа на цревата и желудникот.

Можете да го консумирате и во облик на чај, па топлата напивка од копар, со додаток на мед смирува и опушта, а хербалистите често го препорачуваат за несоница или ноќни кошмари. Уште една примена на оваа билка е кај мајките доилки т.е. ги стимулира млечните жлезди, а исто така и ги намалува симптомите на предменструалниот циклус.

Advertisement