Неверојатната моќ на камилицата

2-lekovitite-svojstva-na-kamilicata-cela-apteka-vo-edna-bilka-kafepauza.mk_-595x310Камилица или боливач е една од најпознатите билки и е присутна во скоро секое домаќинство. Оваа лековита билка помага многу во подобрувањето на здравјето и кај децата и кај возрасните. Децата пред училиште, редовно да го почнуваат денот со чаша топол чај од камилица. Таа делува благотворно на целиот организам.

Камилицата во медицината се користи за надворешна и внатрешна употреба кај децата и возрасните во форма на тинктури, масла, чај, прашок и облоги. Поради своите својства, таа се користи и во козметичката индустрија. Содржи каротин, 11 флавониди, органски киселини, витамин Ц, витамини од групата Б, кумарин и етерични масла.

Оваа лековита билка го зголемува бројот на белите крвни зрнца во крвта, го олеснува варењето на храната, ја ублажува надуеноста на стомакот и ја нормализира столицата. Таа, исто така го ублажува стресот и нервозата. Дневното консумирање на чај од камилица во комбинација со здрава исхрана, може да помогне во спречување на компликациите предизвикани од дијабет, утврдиле истражувачите од Јапонија и Велика Британија. Некои од компликациите од дијабетот, се и губењето на видот и оштетувања на нервите и бубрезите.

Етерското масло од камилица има голема моќ за омекнување на секретите од воспалените дишни органи и со тоа придонесува за полесно искашлување. Затоа етерското масло се употребува при бронхит, астма, грип и настинка. Хамазуленот од етерското масло има клинички докажано антиалергиско дејство. Поради тоа етерското масло е корисно при астма и други алергии со исклучок на алергиите предизвикани од поленов прав.

Уште една причина повеќе за користење на камилицата при грип и настинка е и тоа што чајот од камилица предизвикува засилено потење. Потењето е природен механизам на организмот за намалување на телесната температура и за исфрлање на токсините.

Докажано е дека хетерополисахаридите го засилуваат имунолошкиот одговор во организмот на тој начин што ја засилуваат функцијата на макроцитите – клетките што се одговорни за заробување на патогените микроорганизми. Многу често камилицата се комбинира со други билки за да се добијат ефикасни билни препарати за искашлување. Таков пример се и таблетите “бронхал”. Покрај камилица, тие во својот состав содржат и екстракти од бозел, ленено семе, ѓумбир, сладок корен (слатко дрвце) и босилек.

Advertisement