Коронавирус рапидно се прошири низ целиот свет, а лекови и вакцини сеуште нема, се што ни преостанува е алтернативно да го заштитиме и јакнеме нашиот организам.

Германското издание на Френдин објавува рецепт како алтернатива за заштита од КОВИД 19. Овој рецепт кој може веднаш да го засили вашиот имунитет и да ве заштити, уште е познат и како “златно млеко“.

Има моќно дејство во јакнење на одбранбениот систем во организмот. Многу едноставно се подготвува а воедно е и вкусен.

Потребни ви се потребни производи:

  • четири лажици куркума (во прав);
  • две лажици цимет;
  • две лажици ѓумбир (во прав);
  • 1/8 лажичка морско оревче;
  • Семки од кардамон, во прав.

Сите наведени зачини треба добро да се измешаат. Потоа земете лажичка од смесата и сипете во чаша млеко. Можете по избор да додадете половина лажичка црн пипер или една лажица мед.

Овие зачини помагаат во борбата против вирусите.

Куркумата е природен антисептик кој го чисти црниот дроб од токсините.

Ѓумбирот е природен антибиотик, тонира, се бори против габични инфекции. Додека циметот, кардамонот и морското оревче се користат повеќе за вкус.