10431564_494978120604797_3574316106700527236_nNeuromedica Есенскиот Стручен состанок 2014″ се одржа на 14.10.2014 од 12.00 часот во Конгресната сала на Соборниот храм “Св. Климент Охридски” – Скопје.
Целта на овај Стручен состанок беше докторите од Неуромедика да го споделат своето акадeмско, стручно и професиnaлно знаење и искуство на своите колеги-доктори.
Ова е прв Стручен состанок и почеток на многуте кои ќе следат. Идејата е Стручните состаноци на Неуромедика да постанат традиција, да има два годишно, еден Есенски и еден Пролетен.
На овие стручни состаноци планирано е да се презентираат сите научни и практични новитети во медицината, да се презентираат нови методи на лекување, нови научни достигнувања и секако ретроспектива на сработеното.
Се надеваме дека овие Стручни состаноци ќе прераснат во нешто поголемо и дека ќе постанат привилегија за учество на секој доктор. Овај пат предавачи се само доктори од Неуромедика, но планот за во иднина е да има предавачи и од други здравствени институции со што би се зголемил квалитетот и разноврсноста на темите. Стручниот состанок беше поддржан и акредитиран од Лекарска комора на Република Македонија со 6 бодови за предавачите и со 4 бодови за слушателите.

Предавачи и теми на овај Стручен состанок беа:

10711139_494980040604605_5957459075504082817_n
1. Проф. Д-р Методи Чепреганов специјалист невропсихијатар и епилептолог на тема “Стресот и Ние” – Репетиториум и кратка променада
2. Проф. Д-р Глигор Џолев специјалист ортопед на тема “Современи дијагностичко-терапевтски можности во лекување на дегенеративните заболувања на зглобовите во амбулантски услови”
3. Прим. Д-р Добрила Андоновска специјалист по пластична и реконструктивна хирургија на тема “Пластична, реконструктивна и естетска хирургија во Неуромедика”
4. Прим. Д-р Мирослав Спасовски специјалист дерматовенеролог на тема “Тераписки одговор на базоцелуларен карцином кон локално аплициран 5% Имиквимод”

Сподели