Нешто за индискиот орев

indiski orev

Индискиот орев кој исто се вбројува во категоријата на јаткасти плодови, игра голема улога во ублажување на кашлицата. Покрај ова тој е доста корисен и за многу други работи. Како на пример, го штити кардиоваскуларниот систем бидејќи претставува богат извор на незаштитени масни киселини, протеини, целулоза, витамин Е, К и Б1, а содржи доста и магнезиум и калиум.

Доколу јадете по една шака дневно од овие јаткасти плодови ќе се чувствувате сити, затоа што го зголемуваат лачењето на хормoнот, кој на мозокот му сигнализира дека сте сити, што значи покрај тоа што се доста здрави за јадење, помагаат и во регулирањето на телесната тежина и смалување на вишокот килограми.

Индискиот орев има и антибактериско и антисептичко дејство, делува против воспаленија, го регулира шеќерот во крвта и го намалува високиот крвен притисок. А пред се може да делува и како афродизијак. Индискиот орев ефикасно ја уништува бактеријата хеликобактер пилори која е причина за појава на чир на желудник, а во неговата лушпа е откриена анакардична киселина, за која се смета дека ги убива канцерогените клетки.

Scroll To Top