Вагината е еден од најважните органи кај жената, а многу од младите девојки не знаат доста работи поврзани со овој орган. Според направените студии,  повеќе од 60 отсто од испитаничките, рекле дека не знаат многу работи за вагината. Покрај тоа што овозможува пријатно задоволство, овој полов орган може да ви донесе одредени здравствени проблеми и да предизвика одредени непријатности. Една од нив е гениталното чешање.

vagina

Тоа е причинето од страна на раш (воспаление) кое што се појавува на површината на кожата. Најчесто се појавува на препоните, внатрешната страна на бутовите, гениталиите и областа околу анусот, ректумот или вагината. Почесто се појавува кај жените отколку кај мажите. Најдобрите услови за развој на инфекцијата се топли и влажни средини.

Гениталното чешање исто така, може да претставува и реакција на носењето на испотена и влажна облека во топло време или реакција на носењето на неколку слоја облека во зима, со што се зголемува веројатноста за појава на влага околу препоните. Ако имате прекумерна тежина, кожата побрзо се влажни поради поголемото потење.

Кога ќе се појави чешањето, дефинитивно морате да отидете на лекар, кој што ќе препише соодветна терапија. Инфекцијата вообичаено се третира со различни креми за мачкање, кои што се аплицираат два пати дневно најмалку две недели и најмалку една недела по исчезнувањето на црвенилото.

Сподели