Немојте да се опседнувате со болести, под сугестија може да се разболите

Како стареете, нормално е да се зголемува бројот на болестите. Постепено почнуваат да ве „вртат“ коските, да имате проблеми со притисокот, да ви се врти, да ве напаѓаат страшни главоболки или не дај боже, да бидете „жртви“ на некоја потешка болест. Мошне алармантно е и тоа што младите, уште од рана возраст се соочуваат со огромни здравствени проблеми, кои им преставуваат реална пречка во животот.

Но, понекогаш работите се движат во подруг правец. Ако, во некоја прилика сте го покачиле крвниот притисок и тоа ви се случува првпат, а во меѓувреме сте пиеле еден куп апчиња за да го намалите и тоа не се случува, тогаш веќе се вклучува црвениот аларм за паника. Ваква една ситуација во животот може да ви создаде многубројни проблеми. Како на пример, постојано да бидете во паника дека имате висок притисок, да го мерите повеќе пати на ден каде и да одите, да пиете различни видови на лекови и да сте редовни посетители на ординациите на лекарите и аптеките. Освен тоа, постојано во весниците и книгите  читате за разни болести и нивните предизвикувачи.Тука веќе имате проблем. А тоа е, дека сте опседнати со таа болест и постојано мислите на тоа. Тоа се однесува скоро на секоја болест.

За да го решите овој проблем ќе мора психички да се средите, да не мислите на тоа, да ги направите сите потребни испитувања за да се уверите дека немате здравстени проблеми и мирно да продолжите да уживате во животот.

Scroll To Top