Неколку природни лекови за отстранување на болка

Олеснувањето на болката многумина прво ќе го побараат во таблети, но и храната која секојдневно ја користиме во кујната, може да делува како природен, а со тоа и многу поздрав аналгетик.

Еве некои од тие намирници со силни лековити дејства.

1. Куркума

Куркумата помага во борбата против разни видови воспаленија, хронична болка, болки о грбот и мускулите, забоболка, артритис, успешно го обновува ткивото и одлична е за детоксикација, како и за подобрување на целокупото здравје. Може да се додаде во разни јадења, но и во чај, сокови.

2. Ѓумбир

Оваа исклучително лековита билка ќе ви помогне да ја ублажите хроничната болка во зглобовите и артритисот. Се става во разни јадења, чорби, десерти.

3. Лути пиперчиња

За благотворното делување на чили пиперчињата заслужна е главната состојка капсаицин и многу добро делува кога имате мигрена и главоболка.

4. Лук

Забоболка, воспаление на увото и болка предизвикана од артритис успешно се лечат со лук. Направете сопствено масло од лук: три иситнети чешниња се додаваат во половина филџан маслиново масло и вријат на тивок оган две минути. Процедете и оставете да отстојат во фрижидер две недели. Подготвеното масло загрејте го и нежно втријте го на болните зглобови или мускули.

5. Каранфилче

Забоболката, како и болните непца, силно ги совладува каранфилчето. Најдобро е да се џвака, при што ја испушта моќната состојка со аналгетско делување, еугенол. Доколку не можете да го поднесете остриот вкус, направете чај од каранфилче.

6. Цреши

Можеби највкусниот аналгетик на листата помага кај артритис, костобол и хронични главоболки. За противвоспалителното и аналгетското делување на црешата заслужен е антиоксидансот антоцијанин.

7. Јаболков оцет

Доколку страдате од киселини, помешајте една лажица јаболков оцет во чаша вода и испијте ја пред јадење или полека пијте по оброкот за да избегнете киселини. Јаболковиот оцет помага за подобро согорување на маснотиите и белковините кои предизвикуваат непријатно чувство на печење во стомакот.

8. Боровинки

Најдобар природен лек за лекување и превенција од инфекции на уринарните патишта. Полни се со танин, природно органско соединение кое ефикасно ги убива бактериите кои предизвикуваат воспаление на уринарните канали.

Scroll To Top