menstruacija-1374338698-8222

Ви доцни менструалниот циклус, а не сте бремена. Еве неколку причини кои што доведуваат до таква ситуација.

  • Пубертет

Нередовните циклуси се карактеристични за адолесценцијата.Почетните менструации кај повеќето тинејџерки се нередовни , некогаш започнуваат порано, некогаш подоцна, понекогаш траат подолго, а понекогаш пократко. Во некои случаи се потребни и по неколку години за хормоните кои ја контролираат менструацијата да постигнат баланс.

  • Стрес

Стресот влијае на нормалното ниво на хормони во организмот и може да ја одложи  менструацијата. Големите промени во начинот на живот и стресните настани го зголемуваат нивото на кортизол, стрес хормон во телото, којшто влијае врз секрецијата на хормоните естроген и прогестерон. Промената во нивоата на хормоните може да ја одложи менструацијата.

  • Напорно вежбање

Вежбањето носи голем број здравствени придобивки, но ако сте жена, многу е важно да бидете умерени во вежбањето и напорот кој го давате за постигнување на посакуваната фигура. Физичкиот стрес предизвикан од напорното и интензивно вежбање често предизвикува нарушување на балансот на хормони. Нередовните менструации се многу честа појава кај спортистките.

loading...
Сподели