Треба да имате на ум дека вечерата сепак би требало да е најмал оброк…

Звучи малку нереално и тешко изводливо, но сепак вреди ако сакате да ги одбегнете вишокот килограми.

Идеја број 1 : Салата

Подгответе си здрава салата во која ќе користите многу зелени состојки – спанаќ, брокула или зелена салата. Потоа додадете малку домат, краставица, пиперка, кромид и било кој друг зеленчук по желба. Можете да додадете малку безмасно сирење, семки, маслиново масло и сок од лимон.

Идеја број 2 : Јајца

Познат е фактот дека организмот подобро се носи со јаглени хидрати пред пладне, а со протеини попладне и навечер. Белките се речиси чисти протеини, па затоа сварете неколку јајца или пак направете кајгана со многу зеленчук.

Идеја број 3 : Јогурт со шумско овошје

Оваа комбинација се однесува на чист јогурт и свежо овошје, а не на купечки овошен јогурт. Одлучете се за јогурт со помала масленост и додајте во него свежи јагоди, малини, боровинки, капини или грозје. Но, држете се што подалеку од овошјата како банана.

Идеја број 4 : Бело месо или риба

Белото месо или рибата оди во комбинација со голема количина на варен или свеж зеленчук. Избегнувајте ги калоричните додатоци како што се сосовите и млечните производи.

Идеја број 5 : Паста

Она што најмногу калории и додава на пастата се тешките сирења и павлаки кои се користат како сосови. За да подготвите здрава паста, неопходно е да користите интегрални тестенини кои ќе ги помешате со здраво маслиново масло, туна, зеленчук по желба и малку маслинки.

loading...
Сподели