Happy mother with newborn baby

Додавањето на лекови (стимулација) за време на породувањето може да не се примени, доколку мајката дошла веќе доволно отворена, па поради тоа породувањето не трае премногу долго.

Инаку, постојат утврдени протоколи, по кои се изведува оваа постапка. За родилката, единствено важно што треба да знае, е дека може да се спроведе на повеќе начини: интравенозно, мускуларно, вагинално, комбинирано.

Функцијата на лековите е да се зголемат контракциите – кога станува збор за стимулација или да ги ублажат, доколку се преинтензивни.

Со лекови може да се предизвика и самото породување, доколку изостанат природните механизми, кои го придвижуваат породувањето – тогаш станува збор за индукција, индуцирано породување.

loading...
Сподели