Погледнете ги следните совети од древниот индијански етички кодекс, кои ќе ви помогнат да бидете во хармонија со вашето тело, душа и ум.
 1. Разбуди се со сонцето и помоли се. Моли се сам. Моли се често. Големиот дух слуша само кога ти зборуваш.
2. Биди толерантен кон оние што се изгубиле на патот. Незнаењето, лутината, љубомората и алчноста излегуваат од изгубените души. Моли се за нив, за да најдат кој да ги води.
3. Барај се себеси низ себеси. Не дозволувај им на другите да управуваат со твојот пат. Тоа е твој пат, и само твој – другите можат да те следат, но никој не може да го чекори наместо тебе.
4. Однесувај се кон своите гости во твојата куќа со голема грижливост. Понуди им најдобра храна, дај им го најдоброто легло, однесувај се кон нив со почит и чест.
5. Не земај го она што не е твое, без разлика дали е од некое лице, заедницата, дивината или од некоја култура. Тоа не е заслужено, ниту дадено. Тоа не е твое.
6. Почитувај го она што постои на земјата. Без оглед дали се луѓе или растенија.
7. Почитувај ги туѓите мислења, желби и зборови. Никогаш не прекинувај некого кога зборува, не приговарај и немој да правиш мимики за изреченото. Дозволи им на сите други лично да се изразуваат.
8. Никогаш не зборувај лошо за другите. Негативната енергија што ја праќаш во универзумот ќе ти се врати повеќекратно.
9. Сите луѓе грешат. Сите грешки можат да се простат.
10. Негативните мисли предизвикуваат болести на умот, душата и телото. Практикувај оптимизам.
11. Природата не е наша, таа е дел од нас. Таа е дел од нашето световно семејство.
12. Децата се семето на иднината. Посади љубов во нивните срца и полевај ја со мудрост и животни учења. И додека растат, дај им место да растат.
13. Избегнувај да ги повредуваш туѓите срца. Отровот од таа болка ќе ти се врати и тебе.
14. Биди искрен во секое време. Искреноста е испит за наследството и ја означува доследноста на овој универзум.
15. Одржувај ја својата рамнотежа. Своето умствено Јас, духовното Јас, емоционалното Јас и телесното Јас. Сите треба еднакво да бидат силни, чисти и здрави. Јакни го своето тело за да го зајакнеш умот. Расти богато во духовност за да ги излекуваш емоционалните повреди.
16. Донесувај свесни одлуки за тоа што и кој ќе бидеш, како ќе дејствуваш и како ќе се носиш со своите дела. Биди одговорен за своите дела и активности.
17. Почитувај ги приватноста и личниот простор на другите. Не допирај туѓа сопственост, особено не свети и духовни реликвии. Тоа е забрането.
18. Првенствено, биди искрен кон себе. Не можеш да бидеш внимателен и да им помагаш на другите ако не си помагаш на самиот себе.
19. Почитувај ги туѓите верски определувања. Не присилувај ги другите да веруваат во твоите.
20. Споделувај ја твојата добра среќа. Дели ја и споделувај ја, давајќи милостина.
loading...
Сподели