test za bremenostАко сте сексуално активни, а притоа ви доцни менструалниот циклус, наместо секојдневно да го очекувате неговото појавување, отидете до најблиската аптека, купете тест за бременост и проверете, каков ви е резултатот.

Тестовите за бременост во домашни услови, се тестови на урината. Тие го детектираат присуството или отсуството на хормонот во урината, и во зависност од тоа, даваат соодветно позитивен или негативен резултат.

Иако има различни тестови за бременост, повеќето функционираат на ист начин. Најчесто треба да го поставите крајот на едното стапче ( лента) во чаша вода, во која има урина и по едно до две минути ќе го добиете резултатот.

Некои од тестовите за бременост регистрираат една или две линии, некои позитивен или негативен предзнак, а други ќе ви дадат дигитален одговор со, да или не. Постојат различни начини за отчитување на резултатите. Кај некои тестови се појавува знак плус(бременст) , а кај други се појавуваат две вертикални цртички ( бременост), или една ( отсуство на бременост). Правата употреба на тестот за бременост е предуслов за добивање на точен резултат.

Еве неколку совети за правилно користење на тестовите:

1. Проверете го рокот на употреба. Доклку сте го чувале на влажно место, подобро е да купите нов.

2. Пред употреба, прочитајте го добро упатството, зошто постојат различни тестови, кои ги користиме на различен начин.

3. Најдобро е тестот да се направи рано сабајле, бидејќи првата урина е најконцентрирана.

4. Не пијте течности пред да го направите тестот, бидејќи тие  доведуваат  до разводнување на концентрацијата на „hCG “.

Исклучително ретко се случува да добиете лажни резултати.

Сподели