Не губете ги нервите поради ситни нешта!

pozitivni luge

Често им придодаваме значење на работите кои само на прв поглед изгледаат важни. Се концентрираме на малите проблеми и тогаш ги преувеличуваме. Некој чудак, на пример, може да излезе пред нас во текот на возењето. Наместо да се однесуваме како ништо да не било, ние себе си се  убедуваме во возвишената праведност и оправданост на нашата бес. И ПО СЕТО ТОА, ТОЈ ИНЦИДЕНТ ИМ ГО ПРЕРАСКАЖУВАМЕ НА СИТЕ ОКОЛУ НАС, СО ПОСТОЈАНО ОЖИВУВАЊЕ НА КОНФЛИКТОТ ВО СВОЈОТ УМ.

Зошто да не оставите тој конфликт да се одигра на некое друго место? Поистоветувајки се со таа личност, ќе ги согледате сите негативни последици од таквото брзање. На овој начин можете да ја зачувате благосостојбата, а при тоа , проблемите на другите луѓе да не ги прифатите премногу лично. Постојат многу слични примери на „ мали нешта“ кои постојано се појавуваат во нашиот живот. Без разлика дали некаде чекаме во ред, слушаме незаслужени критики, или „лавовски“ да го завршиме делот од работата , најмногу ќе ни се исплати ако научиме да  не се грижиме поради мали работи. Многу луѓе ја трошат својата животна енергија  „ губејќи ги нервите поради ситни нешта“ и така исчезнува допирот со волшебноста и убавината на животот. Усвојувајки го овој модел на однесување, ќе почуствувате голем наплив на позитивна енергија.

Advertisement