17mlada-sargarepa

Листовите од морков имаат малку горчлив вкус, но се неверојатно добри за нашето здравје. Можете да ги додавате во супа, салата, манџа…..Овие зелени листови се полни со хлорофил и ја прочистуваат јетрата и целото наше тело. Според некои истражувања, тие помагаат во спречување на рак и развој на тумор. Исто така, полни се со антиоксиданти.

Најлесно можат да се конзумираат измешани со некои сокови, како на пример сок од јаболка. Листовите од морков содржат многу витамини и минерали, а според некои истражувања имаат повеќе витамин К од било кој друг зеленчук. Витаминот К е важен витамин кој помага при гребаници, исеченици и модринки. Тие не се отровни, како што некои мислат, но содржат фурокомарин кој може да направи блага алергиска реакција кај некои луѓе. Исто така, во себе содржат многу калиум, кој е важен за кардиоваскуларното здравје.

Самите листови содржат и до шестпати повеќе витамин Ц и од самиот корен. Тие делуваат како диуретик и се доста важни при исфрлање на вишокот вода од телото. Делуваат антисептички, помагаат против лошиот здив и при забоболка. Од нив може да се направи чај, така што ќе земете две шолји свежи листови и ќе ги прелиете со осум шолји вриена вода. Оставете да стои поклопено додека водата не се излади, а потоа исцедете го и пијте. Овој пијалак е одличен за прочистување на организмот, посебно ако имате проблеми со уринарниот тракт или каменчиња во бубрегот. Со варењето се губи горчливиот вкус на листовите од морков и затоа е најдобро да се користат свежи. Можете да ги измешате со лук и оцет и оваа смеса да ја употребите како маринада.

Сподели