Не фрлајте го талогот од кафето!

talog od kafe11

Пред да се отарасите од талогот на кафето што сте го пиеле, еве неколку совети како можете да го искористите:

Ако ви е потребен пилинг, откако ќе го испиете вашето кафе, талогот што ќе остане измешајте го со мед. Оваа смеса е добра за пилинг на телото и лицето, како и добро средство против целулитот.

Кога на вашата коса и е потребно освежување, тогаш земете талог од кафе и направете маска. Процесот е многу едноставен. Пред да почнете да ја шампонарате косата, намачкајте се од талогот и така нека стои неколку минути. Кога ќе ја измиете косата и сами ќе бидете изненадени од нејзиниот сјај. Ова не важи за плавите жени, зошто косата ќе им потемни на неприроден начин.

Ако сакате да се отарасите од досадните инсекти, тогаш земете талог од кафе и ставете го на местото каде највеќе се собираат. Тие не поднесуваат мирис на кафе.

Остатокот од кафето може да се користи и за чистење на доста гадни садови. Само намачкајте, добро истрлајте и ефектот е тука. Може да го користите и за чистење на намештај, кој го изгубил сјајот. Ставете го талогот  во вода, премачкајте го намештајот, оставете малку да отстои и пребришајте. Не заборавајте, дека талогот можете да го користите и за вашето цвеќе. 

 

Advertisement