Бактериска вагиноза

Бактериската вагиноза звучи застрашувачки, но всушност е вообичаена работа. Всушност, ова е најчестата причина за непријатниот вагинален мирис.

Во секоја вагина се присутни бактерии, а бактериската вагиноза е всушност преголемото размножување на овие бактерии, кога ќе го надминат нормалниот број, односно состојба на нарушена вагинална флора. Повеќето жени барем еднаш во животот ќе се сретнат со овој проблем. Причинителот е непознат, а под поголем ризик се оние кои имаат незаштитени сексуални односи и премногу често ја мијат вагината. Останатите симптоми се чешање, болка и исцедок.

Некои облици на бактериската вагиноза сами ќе се повлечат, но се препорачува посета на гинеколог за да се спречат ретките, но сериозни последици. Најчестиот третман е едноставен – антибиотици

Сексуално преносливи болести

Некои сексуално преносливи болести можат да предизвикуваат неугоден мирис, а најчести се кламидијата и гонорејата. Овие болести се чести, но лесно се лечат, а доколку се игнорираат, може да доведат до сериозни компликации. За жал, често остануваат недијагностицирани, бидејќи не мора да имаат симптоми.

Најчестите симптоми се болки при мокрење и исцедок со непријатна миризба. Доколку имате некој од овие симптоми, задолжително посетете доктор.

Лоша хигиена

Погрижете се за хигиената на вашата вагина. Жените имаат маснотии и потни  жлезди во вагиналната зона, кои може да предизвикаат лоша миризба. Користете благи сапуни без мирис, бидејќи сè останато може да го иритира чувствителниот дел и да предизвика уште повеќе непријатности. По користење на тоалетот, добро избришете се со движење од напред кон назад и секој ден менувајте ја долната облека.

Постојат многу производи кои ветуваат дека ќе се ослободат од лошите мириси, но подобро е да ги избегнувате. Вагиналните тушеви, спрејови, креми, марамчиња – сите нудат наводно исклучителна чистота, но всушност предизвикуваат уште повеќе проблеми. Вагиналните тушеви отстрануваат некои од корисните бактерии, а производите со мирис предизвикуваат иритации.

Сподели