00022500

До пред некое време се сметаше дека обезмастеното млеко ја одржува здравата тежина на децата , но новата студија откри дека помага за дебелеење . Млекото е главен извор на калциум и на витамин Д.

Сепак тоа содржи доста масти, кои доведуваат до дебелеење кај децата . Ново истражување на научниците откриваат дека млекото со ниска содржина на масти, не придонесува за губење на тежината , туку напротив води до качувањето на непотребна маса. Во овој случај , експертите препорачуваат да пиете обично млеко без да се грижите .

Експертите од Универзитетот на Вирџинија, испитувале податоци на  10 500 деца на предучилишна возраст . Основната цел била да се најде врската помеѓу видот на млекото и индексот на телесната маса кај децата.

Резултатите го изненадиле тимот од специјалисти. Тие покажале дека 30% од децата, кои пијат обезмастено млеко страдаат од дебелина . Нискомаслените млечни производи ја зголемуваат веројатноста од вишокот килограми со 57% .

Сподели