Многу чест проблем за младите мајки е како да го научат своето дете да оди во тоалет. Тие доаѓаат во ситуација да почнат да хистеризираат од фактот, дека нивното дете, дури не сака да седне на тоалетната шолја, а камоли да стекне навика, само да почне да оди.  Всушност, причина за нервоза во никој случај не смее да има.

Практиката покажува дека, колку повеќе напор и нерви губиме за одредена постапка, толку потешко станува нејзиното спроведување. Што сметаат експертите дека треба да направиме, за да почне детето успешно да ја користи тоалетната школка?

– ДЕТЕТО ОДБИВА ДА КОРИСТИ ТОАЛЕТНА ШКОЛКА

Што да направиме кога одбива дури и да седне? Прво, не треба да паничите. Ако детето не разбира, зошто треба да го направи тоа и за што се употребува тоалетот, ќе дојде време, кога ќе му стане целосно јасно.

Едно дете е способно да користи тоалетна школка по потреба, дури тогаш кога ќе се научи да го контролира процесот на ослободување на урината и столицата. Не се нервирајте премногу, кога детето не може да научи да се контролира одеднаш. Процесот е целосно индивидуален и нема причина да се сомневате во нарушувањето на неговиот развој. Ако тоа не сака да оди во тоалет, тоа не е значи дека има проблеми со здравјето.

Сподели