ЛЕКУВАЊЕ СО БЕЛКА ОД ЈАЈЦЕ

Заматете една белка од јајце со 1 лажица шеќер во прав и додајте 1 лажица маслиново масло. Една лажица од оваа мешавина треба да се испие наутро на гладно и да не се јаде ништо следните час и половина.

ЛЕКУВАЊЕ СО КЕФИР

Секој ден навечер пред спиење треба да испие една чаша кефир во која сте додале една лажица маслиново масло. Оваа мешавина е исто така добра за лекување чир на желудникот. Терапијата трае 1,5-2 месеци.

ЛЕКУВАЊЕ СО ЛЕНЕНО СЕМЕ

Во тегла ставете две лажици ленено семе. Прелијте го лененото семе со два филџани врела вода. Теглата добро затворете ја и оставете да преноќи. Наутро процедете и пијте на празен желудник, 30 минути пред оброк по половина филџан од оваа течност.

ЛЕКУВАЊЕ СО ЖАЛФИЈА И ТЕГАВЕЦ

По една лажица од двете билки се прелива со две чаши врела вода. Се остава поклопено 2-3 часа, па се процедува.

Првите 10 дена се пие еднаш дневно по половина чаша пред оброк, а потоа се пие трипати дневно по половина чаша, пред оброк.

ЛЕКУВАЊЕ СО АЈДУЧКА ТРЕВА

Една лажица ајдучка трева се прелива со една чаша врела вода. Се пие по половина чаша од овој топол чај наутро, на празен стомак, во текот на 4-5 недели.

ЛЕКУВАЊЕ СО ЛИПОВ МЕД

Една лажица липов мед се раствора во чаша млака вода. Се пие половина час пред оброк, 3-4 пати дневно.

На следната страна, еден од наједноставните но можеби и најделотворни рецепти:

ЛЕКУВАЊЕ СО ЧАЈ ОД ОВЕС

Измијте го овесот. Одвечер ставете една чаша овес во емајлиран сад и прелијте го со 1 литар топла вода. Оставете да отстои поклопено 10 часа. Наутро провријте го на умерена температура околу 30 минути, па оставете да отстои уште 12 часа.

Процедете и додадете вода за да се добие 1 литар течност. Терапијата трае еден месец, а се пие по половина чаша, 30 минути пред оброк, 3-4 пати дневно.

ЛЕКУВАЊЕ СО АЛОЕ

Јадете листови од алое со должина од 4-5 см, двапати дневно на гладно, 20 минути пред јадење.

Листот исчистете го од боцките, измијте го и џвакајте го долго во устата се додека не останат само влакната, кои можете да ги фрлите. Терапијата трае 3 месеци по што се прави пауза од 1 месец, па доколу болеста не е излекувана, се продолжува уште еднаш.

ЛЕКУВАЊЕ СО СОКОВИ ОД ЗЕЛЕНЧУК

Секојдневно треба да се пие свежо исцеден сок од морков, зелка и компир, наутро пред појадок. Терапијата трае една недела, по што се прави пауза од една недела.

Се вари компир со лушпа без додавање сол. Од течноста се пие по една чаша, трипати дневно. Оваа вода го чисти организмот и може да се пие подолго време.

Извор: NMD.mk

loading...
Сподели