Народни рецепти против петниот трн!

peten trn

Црна роквица се ренда и се става во памучен чорап и тој се облекува навечер и така останува цела ноќ. Утрото измијте ја ногата со топла вода. После три вечери  користење на овој рецепт ќе осетите подобрување.

Ситно изрендајте морков , ставете го во ќеса и неа ќе ја ставите врз петата. Одозгора ќе фиксирате со завој и така наместено нека стои цела вечер. Можеби ќе осетите пецкање, но издржете. Овој рецепт ќе ви помогне, ако го направите повеќе пати.

– Кај јаки болки помагаат облоги од компир. Измијте го компирот со лушпата и изрендајте го, ставете го во памучна ткаенина и држете на петата. Преку ткаенината ставете целофан, за да не истече водата од компирот. Облогите често ги менувајте. Третманот трае седум дена.

На лист од зелка ставете една кафеава лажица мед и оставете да делува преку ноќта. Утрото кога ќе станете, измијте ја ногата со топла вода. Постапката повторете ја три пати.

Се надеваме дека со овие природни рецепти, ќе ви помогнеме да ги намалите болките протв петниот трн. 

Advertisement