Ако страдате од постојана сува кашлица, лекот може да го најдете во вашиот дом. Многу е лесно да се подготви, и помага при непријатни проблеми.

Кашлицата е спазматична мускулна контракција, која може да се излечи со народни лекови. Ако додадете жалфија на млеко, овој проблем ќе исчезне за многу кратко време.

Голем процент на есенцијални масла кои содржат антибактериски и антиинфламаторни ефекти, како и голема количина на фосфорна киселина, витамини Ц, Б1, П и тианин ја прават жалфијата многу моќен борец против кашлицата. Во комбинација со млеко, дава одлични резултати.

Подготовка:

Неопходно е да се истури 250 мл млеко во тенџере, да се додаде една лажица жалфија и да се готви на тивок оган додека не зоврие. Кога млекото врие, тргнете го од шпоретот.

Во пијалокот додадете лажичка путер, покријте го и оставете го да стои 15 минути. Исцедете го пијалокот и додадете лажичка мед и малку куркума и измешајте сè добро.

Пијте го овој пијалок еден час пред да легнете.