Направете сами бомбони против болно грло и кашлање!

bomboni
Доста ви е од кашлање и од хемикалиите кои ги упoтребувате. Било да станува збор за мали деца или возрасни луѓе, овие бомбони ќе го решат вашиот проблем. Уште од многу одавна, луѓето пржеле шеќер и така се лекувале. Тој доста помага при болка во грлото и ја намалува неговата иритација. А малите деца сигурно повеќе би прифатиле да јадат бомбона, отколку да пијат некој лек. Еве го рецептот за правење на бомбоните: 

– 100 грама шеќер

– половина чајна лажица ѓумбир во прав

– една чајна лажица лимонов сок

– припремете еден силиконски калап, алуминиумска фолија или обична тацна и чачкалици

Припрема

Калапот намачкајте го со зејтин. Шеќерот ставете го во мало тавче и пржете на тивок оган се додека не се стопи и не добие светло кафеава боја. Тогаш додадете го ѓумбирот и сокот од лимон. Продолжете да ја бркате смесата уште малку. Оваа смеса ставете ја во калап и оставете да се излади во фрижидер половина час. Ако сакате наместо бомбони да направите лижавчиња, во смесата ќе бркнете со чачкалица. 

 

Scroll To Top