Направете кафе – пилинг за лице

thumb (1)Меката кожа е сон на секоја девојка. Скапите препарати и креми за пилинг не секогаш го остваруваат очекуваниот ефект. Но, тоа не секогаш се должи на квалитетот на пилингот кој го имате купено. Едноставно не секогаш сите состојки кои се наоѓаат во пилингот одговараат на вашиот тип на кожа.

Секоја кожа е различна, што значи дека се она што го користите од козметика треба да биде внимателно одбрано до најмалите елементи за да го добиете посакуваниот ефект. Но постојат и природни пилинзи кои совршено без хемикалии, ја разубавуваат и прават мека вашата кожа.

thumbНаправете си пилнг од кафе на природен начин и нема да има потреба да се грижите за нескани ефекти од хемикалиите кои ги содржат пилинзите.

Талог од кафе измешајте го со две лажици маслиново масло и малку морска сол. Целата смеса добро измешајте ја за да биде изедначена. Нанесете ја смесата на вашето лице со кружни движења на лицето. Со топла вода измијте ја смесата од лицето. Ќе добиете мека и нежна кожа, освен тоа што ќе го отстраните мртвиот слој на клетки, ќе ја забрзате циркулацијтата на целото тело.

Advertisement