Домашната верзија од чоколадниот крем може да ја подготвите сосема лесно, а од вкусот ќе бидете навистина воодушевени.

Состојки:

  • 400гр исецкано млечно чоколадо
  • 50гр црно чоколадо
  • 1 шолја печени лешници без лушпа
  • 4 лажици маслиново или кокосово масло
  • 4 лажици шеќер во прав
  • 1 лажица какао
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

Парчињата од чоколадо ставете ги во сад и стопете ги на пареа мешајќи сè додека потполно не се стопат. Кога ќе се растопат, оставете ја смесата малку да се излади.

Лешниците кои што претходно сте ги препекле и излупиле, ситно сомелете ги во мелница за кафе. Би требало да бидат колку што е можно поситни, а ако имате процесор за храна, може да ги сомелете сè додека да добиете фин крем од лешници.

Во блендер додадете го сомелените лешници, стопеното чоколадо, маслото, шеќерот, какаото и ванилата и повторно измешајте. Во овој случај може да искористите и стапчест пасатор.

Подготвениот намаз ставете го во тегла и оставете го да се излади, а потоа чувајте го во фрижидер.

Advertisement