Направете 5 движења со телото за да ги оздравите проширените вени – проодете повторно грациозно!

Проширените вени се многу честа болест во денешно време и додека за некои тоа е само естетски проблем, другите се соочуваат со непријатни болки.

Освен основните медицински и хируршки методи за лекување на овој проблем, постојат и други начини за ублажување на симптомите на болеста и спречување на нејзиниот развој, кои можете да ги применете дома. Еден од тие начини се овие пет вежби кои произлегуваат од тајното јогистичко учење за здравјето.

Овие вежби овозможуваат нормализација на дотокот на крвта во болните крвни садови и враќање на еластичноста на нивните тидови и саканиот тонус.

1.ВЕЖБА ПОЛУСВЕЌА

Легнете на грб и подигнете ги нозете на ѕид користејќи го како ослон. Подигнете ја карлицата до саканото ниво. За изведување на оваа вежба можете да користете свиткани пешкири или специјални валјаци. Ако ви е тешко да го подигнете долниот дел од торзото, подигнете ги само нозете. Дишете длабоко, без напнатост. Опуштете се и останете во таа положба 5-6 минути.

Откако ќе ја изведете оваа вежба, се препорачува да легнете на грб со опуштени нозе и спуштени раце крај телото со дланки свртени нагоре.

2. ВЕЖБА ЧАМЕЦ

Седнете на задникот со свиткани колена и стапалата на под. Грбот исправете го наназад на околу 60 степени. Подигнете ги нозете и исправете ги по истиот агол. Испружете ги рацете од двете страни на нозете, паралелно со подот. Дишете размномерно и останете во таа положба 30 секунди. Постепено продолжувајте го времето.

3.ВЕЖБА ПЕПЕРУТКА

Седнете на под. Повлечете ги стапалата споени колку можете поблиску кон карлицата. Потрудете се колената да бидат раздалечени кон страна, спуштете ги колку можете повеќе. Грбот нека ви биде исправен, а стапалата свртени едно кон друго. Останете во оваа положба 30-60 секунди. Постепено зголемувајте го времето.

4.ВЕЖБА СВИТКУВАЊЕ КОН НАПРЕД

Застанете право со рацете на колкови. Вдишете, а потоа додека издишувате наведнувајте се кон напред. Преклопете се од колкови и опуштете го грбот. Рацете спуштајте ги додека да го допрат подот. Со рацете можете да ги опфатите колената или со дланките да се потпрете на некој ослон. Останете во оваа положба додека го задржувате здивот после издишувањето, а потоа со полно вдишување опуштете се и полека исправете се во првобитната положба.

5.ВЕЖБА ПОЛОЖБА НА ЈУНАКОТ

Клекнете и спуштете ја карлицата помеѓу колената. Стапалата нека ги допираат колковите, исправете го грбот, градите истурете ги напред и исправете ја главата. Задржете се во оваа положба 2-3 минути.

Напоменуваме дека за да постигнување на ефекти не мора да ги изведувате сите пет вежби. Доволно е да одберете една вежба која најмногу ви се допаѓа, но правете ја редовно. Спрепорачува да и дадете предност на првата вежба. Во рани фази на болеста, овие вежби ќе ви помогнат да го повратите грациозниот од и ќе ве ослободи од непријатните грчеви и болки!

Advertisement