Посетете продавница за здрава храна, набавете неколку потребни состојки и направете бомба за вашиот организам.

Имено, напивката која се подготвува многу лесно ќе ви донесе појак имунитет но и ќе ви помогне да го намалите стомакот, поточно надуеноста на стомакот.

Потребни ви се:

  • 1 лажица изрендан корен ѓумбир
  • 1/2 лажица куркума
  • 2 стапчиња цимет
  • 1/2 лимон
  • 3-4 дл вода

Подготовка:

Исчистете го коренот ѓумбир и изрентајте го. Истото направете го и со куркумата, или користете во прав. Ставете ја водата да зоврие, а потоа додајте ги состојките и двете стапчиња цимет. Потоа исцедете го и лимонот.

Конзумирајте кога ќе се олади, а ако сакате да ја засладите напивката, направете го тоа со домашен мед.

Сподели