napitok od heljdaПродуктите кои се богати со целулоза, можат многу бргу да ве заситат, а притоа не морате да размислувате за големиот внес на калории во организмот. Денеска ќе ви напишаме за чудниот напиток , кој со сигурност ќе ви помогне да ги намалите вашите килограми:

Ќе земете три лажици брашно од хелда и добро ќе го размутите во чаша ладна вода. Посебно ставете еден литар вода да врие и во неа ставете го брашното. Се добро измешајте и варете на ниска температура пет до седум минути. Кога ќе се излади, додајте му мед по желба. Ставете во фрижидер и секој ден пијте по една чаша од напитокот пред јадење.