Нането е повеќегодишно тревесто растение. Коренот е долг, многу разгранет, лазечки.

Стеблата се четирирабести, прави, едногодишни, разгранети , високи до 100 см, темнозелени или црвеникави по боја. Листовите се темнозелени, издолжено- јајцевидни, распоредени еден наспроти друг, со куси рачки, мазна површина, заоблена основа  и остар врв. Цвета во јули – август, плод раѓа во август – септември.

Од памтивек, мирудијата е народен и домашен лек за лекување на стомачни заболувања.

Неслучајно нашиот народ ја користи за припрема на храна која тешко се вари. Помага кога имаме цревни проблеми, воспаление на тенкото и дебелото црево, воспаление на желудникот, ги намалува стомачните болки, спречува создавање на гасови и отклонува непријатен здив од устата. Нането успешно лекува и проливи. Тоа е пријател на црниот дроб, ја подобрува неговата функција и стимулира лачење на жолчни киселини. Нашиот народ нането го пие навечер како благ седатив за мирен и длабок сон, и посебно треба да се пие,  ако се конзумира тешка храна.

Како средство за смирување може да се меша со босилок, хмељ, маточина и валеријана. Се користи и вo козметиката, како средство за отстранување на свраб, чешање и доволно е местото каде имате проблеми да го истриете со лист од нане. Тоа има широка примена во алкохолната  и во прехрамбената индустрија каде се користи како зачин, а посебно се користи во индустријата за производство на бомбони. Во козметичката индустрија се користи за изработка на паста за заби.

Од мирудијата може да се направи добар чај кој може да се пие секојдневно. Како изворедно аромaтично растение тоа многу освежува , а и доста е лековито. Се припрема секогаш свеж. Кога се прави чај, тој не смее да се вари, затоа што со вриењето испарува лековитото масло и се губи неговата лековитост. Се прави чај секогаш свеж.

Чај – Се зема една супена лажица суви и иситнети листови кои се ставаат во 200-300 мл вода,тоа кисне 30 минути, се процедува и се пие засладен со мед 

Advertisement