Болките во грбот знаат да бидат многу непријатни и претставуваат сериозен здравствен проблем.

Најчесто болките се предизвикани од долго седење пред компјутер, неудобен душек за спиење, или пак, долго стоење на нозе. Но болките во грбот често може да бидат предизвикани и од неправилно држење на телото или носење погрешни обувки. Токму затоа, стапалата играат голема улога кај овој проблем, па важно е да ги одржуваме во добра форма.

Освен општите совети за намалување на болките во грбот, пробајте ги и овие 6 вежби за стапалата кои ќе ви помогнат да се чувствувате подобро:

Истегнување на стапалата

Седнете и ставете ја левата нога врз десната бутина. Фатете ги прстите од левото стапало со десната рака и истегнете ги во сите насоки. Повторете неколку пати и преминете на другата нога.

Притискање на стапалата

Застанете во стоечка положба и свиткајте ги колената. Обидете се да притискате со сите прсти на стапалата колку што можете повеќе на подот.

Оваа вежба ќе ја врати циркулацијата во стапалата и ќе ја намали болката во грбот. Најдобро е да ја правите 3 пати дневно.

Кружни движења

Легнете на под, кренете ја едната нога нагоре и правете кружни движења со стапалото од кај зглобот, околу 15 секунди. Повторете ја истата вежба со другата нога. Оваа вежба го ослободува притисокот од зглобовите, колената и половината.

Истегнувањa нагоре

Легнете на под – нозете нека бидат споени пред вас. Врзете крпа на едното стапало и кревајте го, но внимавајте колената да бидат прави. Потоа префрлете го коленото над главата и останете така 30 секунди, па повторете со другото стапало.

Истегнување на тетивите

Застанете покрај ѕид и испружете ја десната нога напред за стапалото да го допре ѕидот. Потоа свиткајте го коленото и приближете се со колковите нанапред. Останете во оваа положба 30 секунди, па повторете ја вежбата со левата нога.

Масажа на стапалата

Ова не е класична вежба, но е многу важен чекор за намалување на болките во грбот. Ставете тениско топче под едното стапало и правете движења напред-назад. Повторете и со другото стапало, а ова вежба најдобро е да ја правите секој ден по неколку минути.

loading...
Сподели