Честопати имате проблеми со забите, ве болат и постојано барате начин како да ги решите овие проблеми. Еве неколку совети кога имате болки во забите:

bolki vo zabite

1. За да се намали болката и отокот, се препорачува плакнење на устата во времетраење од триесетина секунди со солена вода (1 лажичка сол во чаша млака вода).

2. Устата може да се исплакне и со хидроген пероксид, разреден во еднаква количина на топла вода. Како и солта, хидроген пероксидот ја ублажува болката и учествува во уништување на бактериите.

3. Намачкајте го забното месо со паста од сода бикарбона и вода. Содата ги уништува микроорганизмите и ја неутрализира киселината, која се излачува, иако премногу бикарбона може и да го оштети нежното забно месо.

4. Потребно е да се набави и уред за иригација на устата и да се искористи притисокот на водата за чистење и масажа на забите и забното месо, на местата недостапни за четките. Електричните четки за заби се исто така ефикасни. Малата глава, која ротира, може полесно да допре до тешко достапните подрачја.

 

 

loading...
Сподели